Дома Трансфер зона Јирген Клоп доби совет во Ливерпул да доведе српски напаѓач

Јирген Клоп доби совет во Ливерпул да доведе српски напаѓач

Ливерпул доби совет од легендата на клубот.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џон Олдриџ истакна дека Александар Митровиќ е одличен напаѓач и човек кој треба да се следи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Олдриџ е легенда на Ливерпул и за само три сезони во клубот постигна 63 погодоци.

„Импресиониран сум од Митровиќ, висок е, силен и постигнува голови. Навистина ми се допаѓаат играчите со таков стил. Мислам дека на Ливерпул може да му донесе разновидност и план Б, верувам дека би им бил од голема корист“, изјави Олдриџ.

Митровиќ би бил втора опција кога би пристигнал во овој клуб, па прашање е колку Србинот има желба да биде втора опција.

Сепак, ова е само совет од човек кој сега не е во клубот, а останува да се види дали Клоп ќе ја разгледа понудената опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…