Дома Фудбал Англија Јаја Туре спремен да игра за плата од една фунта неделно – се е поради Гвардиола!

Јаја Туре спремен да игра за плата од една фунта неделно – се е поради Гвардиола!

toure

Искусниот фудбалер за врска Јаја Туре на крајот на овој месец и официјално ќе го напушти Манчестер Сити бидејќи му истекува договорот со овој клуб.

Туре баш и не се наигра во последните две години, откако Пеп Гвардиола е избран за нов тренер. Познато е дека Туре поради шпанскиот стручњак ја напушти Барселона пред осум години, а истата судбина ја доживеа и ова лето кога Сити не му понуди нов договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот за врска ја шокираше фудбалската јавност со изјавата за француските медиуми дека Гвардиола не сака фудбалери со темна боја на кожата. Нападот кон

Гвардиола не запре и кога се огласи менаџерот на фудбалерот, Димитри Селук.

„Јаја го познава Гвардиола како никој друг. Работеше со него во Барселона и Манчестер Сити и знае дека Пеп воопшто нема човечки квалитети. Дека се работи лош човек се виде кога доаѓаше во Сити бидејќи објави дека е нов тренер на клубот иако Мануел Пелегрини се уште имаше договор и не знаеше што му се прави зад грб“.

„Туре има понуди од различни земи му нудат големи суми, но тој сака следната сезона да ја посвети на Гвардиола да му докаже колку вреди. Полн е со енергија и останува во Англија. Дури е спремен да се понуди на клубовите и да игра за плата од една фунта и ако оствари успех со тој клуб би можел да бара одреден бонус. Тој е победник и повторно ќе му го докаже тоа на Гвардиола“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…