Дома Фудбал Останато Tуре ја отвори душата и распали по Гвардиола: Тој е расист…

Tуре ја отвори душата и распали по Гвардиола: Тој е расист…

guardiola

Teшки обвинувања на сметка на шпанскиот стручњак.

Јаја Туре го напушти Манчестер Сити после седум години поминати во клубот, а интересно е што на некој начин од клубот го избрка Пеп Гвардиола.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Шпанецот не му даваше премногу прилика за игра, едноставно не се вклопуваше во неговата филозофија, па Туре го напушти Манчестер Сити по истекот на неговиот договор.

Гвардиола до некаде беше заслужен за неговото пристигнување во Сити, бидејќи Туре ја напушти Барселона и премина во Сити кога Шпанецот ја предводеше Барселона.

После неговата разделба со Гвардиола, Туре ја отвори душата и за медиумите сурово зборуваше за односот на Гвардиола кон него само затоа што е Африканец.

„Сакам да бидам тој кој ќе го разоткрие митот за Гвардиола“.

„Се обидов да разберам, дури и го прашав тренерот за својата статистика. Кога сафатив дека дека бројките се подобри или, како на тренинзите, така и на натпреварите, од оние кои играат, започнав да сфаќам дека не е во прашање квалитетот. Не знам зошто, но добив впечаток како да ме гледа со љубомора, како да сум негов ривал“.

„Беше суров кон мене. Дали мислите дека би можел така да се однесува со Иниеста? На крајот се запрашав дали се е поради мојата боја. Верувајте не сум единствен кој се запраша такво нешто и на другите играчи од Барселона им поминуваа такви мисли низ главата“.

„Сепак, тој е премногу интелигентен за да биде разоткриен. Никогаш тоа нема да го признае. Но ако дојде ден тој да избере пет афрички играчи во својот тим. Ветувам дека ќе му се извинам и ќе му испратам торта“, изјави Туре.

Туре потоа и додаде дека Гвардиола сака послушни играчи кои ќе бидат негови „играчки“.

„Пеп сака да биде доминантен! Сака послушни играчи кои ќе му ја бацуваат раката. Го почитувам својот тренер, но не сум негова играчка. Ми го украде простувањето од Сити, клуб со фантастични навивачи. Сакав да го напуштам клубот на емотивен начин, како што тоа го направија Иниеста или Буфон, но Пеп ме спречи во тоа“, открива играчот за врска од Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…