Од вечерва официјално Аднан Јанузај е претставен како нов фудбалер на Реал Сосиједад.
Белгискиот репрезентативец е потврден како второ засилување на клубот по Љоренте кој пристигна од редовите на Реал Мадрид изминатиот месец.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Младиот офанзивен фудбалер ќе настапува во плаво-белиот дрес во следните пет сезони, откако Манчестер Јунајтед ја прифати понудата. „Црвените ѓаволи“ и Сосиједад се договорија за обештета вредна 10 милиони евра со тоа што Јунајтед ги задржа првата за откуп на фудбалерот.
По неубедливата сезона на позајмиците во Дортмунд и Сандрленд, Жозе Мурињо одлучи да му овозможи на младиот фудбалер ова лето да ја започне кариерата од ново во друга средина, каде го пречека дресот со број осум.