Раководството на Јувентус сака да го ангажира напаѓачот на Баер Леверкузен, Патрик Шик на позајмица во јануари, пренесува Газета дело Спорт.
Интересен детал е тоа што Чехот пред седум години беше блиску до преселба во Јувентус, но потоа не ги медицинските прегледи и трансферот пропадна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тиаго Мота има проблеми во центарот на нападот, каде што речиси целосно се потпира на Душан Влаховиќ, кој досега има шест гола на 12 натпревари.
Патрик Шик оваа сезона не добива голема минутажа во Леверкузен и е спремен да направи трансфер во Серија А.
🚨 Patrick Schick has emerged as a surprise target for Juventus in January! 🇨🇿🤍🖤
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 20, 2024
(Source: @Gazzetta_it) pic.twitter.com/uAXYzqXIkC