Дома Трансфер зона Јунајтед и Сити во потрага по голман, имаат иста цел

Јунајтед и Сити во потрага по голман, имаат иста цел

Манчестер Јунајтед на лето најверојатно ќе се раздели со Андре Онана, продавајќи го во Саудиска Арабија за добра понуда. Интересно е што и голманот на Манчестер Сити, Едерсон, се подготвува да се упати кон истата дестинација.

Така градските ривали во истиот преоден рок ќе мора да привлечат нови голмани, а нивните менаџери Рубен Аморим и Пеп Гвардиола насочија кон идентични играчи за оваа позиција. Според „Сан“, двата тима на своите списоци го имаат чуварот на Антверпен, Сент Ламенс, кој има само 22 години.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


За него се заинтересирани и Њукасл и Вест Хем, а неговата цена е околу 30 милиони фунти.

Другото име што се споменува е 23-годишниот голман на Лил, Лука Шевалие, чија цена е нешто повисока – околу 40 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…