Еден од клучните играчи на Манчестер Јунајтед, Амад Дијало, заработи сериозна повреда која веројатно ќе го оддалечи од остатокот на оваа фудбалска сезона.
Повредата на Дијало, која ја здоби пред натпреварот со Тотенхем, сè уште не е детално објаснета.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Оваа сезона, Дијало е најконстантниот играч во тимот предводен од Рубен Аморим, со учинок од 9 голови и 7 асистенции.
„Исклучително сум разочаран што ја пишувам оваа порака во толку важен момент од сезоната. За жал, ќе отсуствувам одредено време поради повреда. Ќе се вратам посилен од било кога! Време е да ги поддржиме момчињата од надвор. Има уште многу да се игра“, сподели Диало на социјалните мрежи.