Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но испадна една од најголемите разочарувања.
Тој е означен како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот со оглед на сумата која „црвените ѓаволи“ ја платија за него.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Бразилецот, но не може да најде купец поради неговата висока плата и слаба форма.
Поради тоа клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да го испрати на позајмица во јануари, а и самиот фудбалер е отворен да ја промени средината.