
СИНОЌА во НБА лигата се одиграа 12 натпревари. Денвер Нагетс победија на гости против Оклахома Сити Тандер со резултат 140:127. Главен актер на натпреварот беше Никола Јокиќ, кој постигна 35 поени, имаше 18 скока, додаде 8 асистенции и забележа по една украдена топка и блокада.
Покрај тоа, српскиот центар имаше само една изгубена топка во 40 минути на паркетот. Шутерски, исто така имаше фантастична вечер. Постигна една од два обиди за тројка, а вкупно шутна 15/20 од полето, односно шутируваше со 75 проценти прецизност.
Јокиќ на просек од трипл-дабл
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Јокиќ оваа сезона просечно постигнува 28.9 поени, 13.0 скокови и 10.5 асистенции по натпревар. Покрај него, Џамал Мари беше исклучително ефикасен со 34 поени, додека Пејтон Ватсон, Расел Вестбрук, Мајкл Портер Џуниор и Кристијан Браун исто така завршија со двоцифрен број поени.
Во целата сезона, Тандер има скор 52-11 и води Западната конференција, додека Денвер има скор 41-22 и се наоѓа на третото место на Западот. Оваа победа беше важна за Нагетс бидејќи успешно одговорија на поразот од Тандер во претходниот натпревар.