Дома Фудбал Роналдо за првпат проговори откако започна бојкот /ФОТО/

Роналдо за првпат проговори откако започна бојкот /ФОТО/

Кристијано Роналдо го привлекуваше вниманието на фудбалскиот свет последните денови, изразувајќи јавно незадоволство поради случувањата за време на зимскиот трансфер период.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговото негодување произлегува од активностите на неговиот клуб, Ал-Наср, кои во текот на јануарскиот трансфер прозорец не успеаја да донесат нови засилувања. Во исто време, Ал Хилал, тимот кој се бори за одбрана на титулата, успеа да го ангажира Карим Бензема, што го разбесни Роналдо, кој во понеделникот одби да излезе на терен против Ал-Ријад.

Се зборуваше дури и за можноста Португалецот да го напушти клубот, незадоволен од односот кој го има од Јавниот инвестициски фонд, но ситуацијата во Ријад изгледа полека се смирува.

Барем така изгледа од објавата на петкратниот освојувач на Златната топка на неговиот Инстаграм профил, каде што сподели фотографија од тренинг.

Во описот на објавата, Роналдо постави жолто и сино срце, што ги претставува боите на Ал-Наср. Очигледна намера му беше да го зголеми оптимизмот и да покаже дека останува фокусиран на клубските цели.

Португалскиот напаѓач се подготвува за повраток на терените по краткиот прекин, а веќе во петок пред него и тимот го очекува дерби натпревар против Ал Итихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова не можеа да го направат ниту Роналдо ниту Меси: Ѕвезда на ПСЖ собори рекорд во ЛШ!

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал. Парижаните успеаја да го …