Како што пренесуваат италијанските медиуми Мехди Бенатија е незадоволен од минутажата која ја добива во Јувентус и официјално испратил барање за трансфер во јануари.
Со враќањето на Бонучи во Јувентус, Бетанија го изгуби првотимскиот статус и преку својот агент побарал да биде продаден во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис се силно заинтересирани Милан, Арсенал и Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб бара засилување за да ја издржи битката со Баерн во Бундеслигата, додека Арсенал и Милан имаат големи проблеми во дефанзивната линија.
Бенатиа сака да остане во Италија, па во моментов Милан е во пол-позиција за неговиот потпис, но останува да видиме дали двата ривали ќе се договорат за трансферот.
Јувентус преферира да го продаде дефанзивецот во клуб надвор од Серија А
.