Дома Топ вести Ѕвездата на Наполи е примарна трансфер цел на Арсенал

Ѕвездата на Наполи е примарна трансфер цел на Арсенал

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Приоритет на Артета ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е токму Осимен. „Дејли Мејл“ пренесува дека „топџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Топџиите“ веруваат дека Нигериецот идеално ќе се вклопи во тимот, бидејќи веќе ја покажа својата класа во Серија А.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра.

Интерес за Осимен покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Њукасл, а тој преферира преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…