Сусо е еден од најдобрите поединци во тимот на Милан и во изминатите сезони се етаблираше како еден од најдобрите во Серија А.
Минатото лето Сусо имаше многу понуди, но на крајот реши да остане на „Сан Сиро“ и потпиша нов четиригодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еминентниот „Газета дело Спорт“ во денешното издание открива дека Шпанецот има откупна клаузула, која е несразмерна сонеговата вредност.
Имено, клубот кој што ќе плати 38 милиони евра може да го купи офанзивецот, што е навистина „смешна“ сума во однос на денешната вреност на фудбалерите.
Интерес за Сусо покажуваат многу европски клубови, пред се Ливерпул, па останува да видиме дали Милан ќе успее да го задржи фудбалерот во своите редови.