Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Црвените“ немаат намера да го обноват договорот со фудбалерот, па тој ќе замине како слободен агент, објавија британските медиуми.
31-годишниот Англичанец чии договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на „лисиците“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиумите, клучна улога во неговиот избор може да одигра менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс. Токму Роџерс го донесе Лалана во Ливерпул во 2014 година.
За Лалана, покрај Лестер интерес покажуваат уште Тотенхем, Арсенал и Вест Хем, но „лисиците“ во моментов се фаворити за неговиот потпис, а некои медиуми тврдат дека веќе Лестер има договор со играчот.