Феран Торес, кој во јануари пристигна во Барселона, откри дека три пати ги одбил понудите од Реал Мадрид.
22-годишниот напаѓач е дете на Валенсија, се пресели во Манчестер Сити, а од пред неколку месеци игра за Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во минатото Реал ме сакаше. Испратија три понуди. Сепак, тогаш решивме дека поради различни причини не е вистинскиот момент да одам во тој клуб“, изјави Торес.
Шпанскиот репрезентативец прецизираше дека еден од овие случаи бил за време на Светското првенство во Русија во 2018 година.
„Само што стигнав до првиот тим на Валенсија и решив дека ќе играм повеќе доколку останам. Добро испадна што тогаш не заминав“, додаде тој.