Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го напушти Баерн Минхен.
Дејвис сака да ја зголеми платата на 14 милиони евра годишно, но Баерн не е подготвен за такво нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По последните преговори, Баерн е подготвен да го продаде Дејвис на лето со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.
Англиските медуми пишуваат дека Дејвис одбил понуди од Манчестер сити, Челзи и Ливерпул затоа што сака да игра за Реал Мадрид.
„Кралевите“ долго време го следат и покажуваат интерес за неговиот потпис, па наскоро се очекува да почнат преговори со неговиот агент.