Ѕвездата на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис даде загрижувачка изјава и изјави дека се чуствува многу осамено во Минхен.
Дејвис се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, но очигледно не е задоволен од приватниот живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Животот на професионален фудбалер е одличен за да се опуштите и уживате, но вистината е дека сум осамен. После тренинзите, немам што да правам во останатиот дел од денот. Бидејќи семејството и мојата девојка не се тука, навистина се чувствувам осамено. Најверојатно имам само пет вистински пријатели, јас сум познат и популарен губитник“, изјави Дејвис.
„Навистина е малку загрижувачки тоа што немам што да правам после тренинзите и натпреварите. Сите пријатели си имаат работа и се чувствувам осамено“, додаде Дејвис.