Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Јулија Риера во првото квалификациско коло за УС Опен.
Риера победи со 7-6, 6-3 после 1 час и 36 минути игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓорческа почна одлично, поведе со 4-1 во првиот сет, а имаше и предност од 5-3 и гејм на свој сервис. Но, деветтиот гејм го загуби без да освои поен, а на крај во овој сет одлучуваше тајбрејкот во кој Риера беше подобра со 7-4.
Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно да го загуби сетот со 3-6, и тука да заврши нејзиниот пат во квалификациите на последниот гренслем турнир годинава.