Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Ѓоковиќ со лесна победа го стартуваше турнирот во Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Русинот Аслан Карацев го започна турнирот во Рим. Ѓоковиќ славеше победа со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:2.

Карацев го загуби првиот гем на свој сервис, но успеа брзо да возврати и да изедначи на 2:2. Во тој период рускиот тенисер даваше солиден отпор и не дозволуваше Ѓоковиќ лесно да ги освојува следните неколку гема. Сепак во осмиот Новак ја искористи втората брејк топка и стигна до 5:3, а потоа на свој сервис со 6:3 го освои сетот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот сет Ѓоковиќ прикажа уште посигурна игра и веднаш поведе со 3:0, до крајот без проблеми стигна до 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Американска тенисерка збесна и ја опцу публиката 🎥

Teнисерката од Америка, Софија Кенин предизвика скандал на мастерсот во Рим во мечот од пр…