Новак Ѓоковиќ со емотивна порака порака на друштвените мрежи ја истакна клучната работа која му помогнала да помине низ најтешките моменти во кариерата.
Српскиот тенисер после повеќе од една година агонија и лоша форма се врати на шампионското ниво и ова лето освои два Грен слема – Вимблдон и УС Опен, како и единствениот Мастерс кој му недостасуваше – Синсинати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На патот до враќањето го носела само една работа…
„Пред да ги споделам со вас најдлабоките мисли, сакам да ви се заблагодарам на љубовта и поддршката во тешките моменти. Тоа многу ми значи бидејќи знам дека не беше лесно да бидете покрај мене кога работите не беа јасни. Ви благодарам!“
„Неверојатно е најчестиот начин на објаснување на голем успех. За мене тој израз ја негира најважната емоција која може да ја имате – вербата! Сето ова време, вербата беше она што ме водеше во тешките моменти, болката, несигурноста“.
„Бев заглавен во една точка и преплавен со многу информации. Резултати немаше. Сите го нудеа своето мислење и ми даваа совети што да правам, а не можам да кажам дека не ги слушав“.
„Ги слушав. На моменти бев збунет. Но, една работа ме држеше и ме водеше напред, вербата во самиот себе, во моите способности, вештината, талентот и отпорноста. Верувањето дека сум создаден за ова“.
„Најголемата лекција која ја научив во изминатите месеци е дека неверојатно не постои. Граници не постојат. Кога ќе сфатиш дека можеш да успееш во животот, кога ќе ја покажете својата храброст, самодоверба и верба, вие сте победник без оглед на резултатот“.
„Вашиот карактер преовладува и градите свои навики и вашите навики ве носат чекор поблиску до целта. Значи, драги пријатели, верувајте во себе и во сопствената сила. Тоа може да ве одведе било каде. Ве сакам сите. Идемеее“, порача Ѓоковиќ со групна слика во прегратка со својот тим.