Дома Останати Тенис Ѓоковиќ пред Ролан Гарос ќе игра фудбалски натпревар

Ѓоковиќ пред Ролан Гарос ќе игра фудбалски натпревар

Новак Ѓоковиќ на 23-ти мај ќе биде во улога на фудбалер во Монако.

Најдобриот српски тенисер потврди дека ќе учествува на долгоочекуваниот фудбалски натпревар на светските ѕвезди кои ќе се игра во Монако.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу светските ѕвезди ќе собере околу 30 познати личности и спортски ѕвезди, а ќе се одржи на 23-ти мај на стадионот „Луј втори“. Натпреварот ќе има хуманитарен карактер и еден виде загревање за Големата награда на Монако која е на програмата од 25-ти до 28-ми мај.

Ѓоковиќ ќе игра на тимот „За децата на Монте Карло“ и во него ќе бидат уште светската шампионка во џет-ски: Лизи Батаи, Флавио Рома, Клоп Пуел, Федерик Деу, Себастијан Перез, Грег Кампи…

На спротивната страна ќе биде тимот „All Star Drivers“ кој ќе биде составен од: Пјер Гасли, Карлос Сајнц, Фернандо Алонсо, Себастијан Фреј…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Муратоглу: Ако Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, може тоа да го направи и Синер

Патрик Муратоглу, едно од најголемите имиња меѓу тренерите на денешницата, вели дека Јаник…