Дома Останати Тенис Ѓоковиќ елиминиран од Синсинати!

Ѓоковиќ елиминиран од Синсинати!

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Синсинати.

Српскиот тенисер во полуфиналето беше запрен од одличниот Русин Данило Медведев кој победи во три сета 3:6, 6:3, 6:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ѓоковиќ го „бркаше“ педесетиот јубилееен настап во Мастерс финалињата, но рускиот тенисер на крајот беше поуспешен и ќе игра против Давид Гофан за титулата.

Така Ѓоковиќ ќе изгуби нешто повеќе од 600 бодови и на новата АТП листа Надал ќе го намали заостанувањето.

„Да бидам искрен, не знам како ми успеа. Бев толку уморен после првиот сет и мислев дека нема да можам да го одржам тој интезитет против Новак. Меѓутоа во вториот сет започнав да играм одлично“, изјави Медведев.

Финалето помеѓу Медведев и Гофан се игра вечерва од 22 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ после поразот: Страшно е чувството да се игра вака

Новак Ѓоковиќ загуби од Алехандро Табило со 3:6, 4:6 во второто коло и испадна од АТП Маст…