Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до антидопинг комисијата: Тестирајте ме и 30 пати годишно

Ѓоковиќ до антидопинг комисијата: Тестирајте ме и 30 пати годишно

Антидопинг правилата во тенисот стануваат се построги, а од тоа е задоволен и еден од најдобрите играчи, не само на денешницата, туку и во историјата – Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер пред неколку дена го критикуваше велосипедизмот каде што една од најголемите ѕвезди како што е Ленс Армстронг е фатен во измама.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега Ѓоковиќ ја повикува антидопинг комисијата да го тестира и 30 пати годишно.

„Можеби антидопинг правилата се нешто построги во тенисот, но тоа е чесно, барем од моја преспектива. Немам ништо против тоа да ме тестираат и 30 пати годишно доколку толку пати ги тестираат и останатите“.

„Верувам дека тенисерите се помеѓу најчистите спортиси на светот и немам ништо против тестирање. Немам ништо против тоа кога бараат примерок од крвта, но преферирам да биде преку урина бидејќи игли не сакам баш многу“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…