Новак Ѓоковиќ го доби осминафиналното дерби против Хуан Мартин дел Потро на Мастерсот во Индијан Велс и избори меч со контроверзниот Австралиец Ник Киријос. Покрај Ѓоковиќ и Киријос оваа фаза ја минаа Федерер, Надал, Нишикори, Јанг, Јазири и Сок кој приреди изненадување со победата над Григор Димитров.
Ѓоковиќ, втор пат во две недели, успеа да го победи Дел Потро и да ја забележи 13-та победа во нивниот 17-ти меѓусебен дуел. Српскиот тенисер за речиси два и пол часа игра победи со 2.1 (7:5, 4:6, 6:1).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Благодарение на импресивниот бекхенд и ритерн Ѓоковиќ го надигра Аргентинецот, а во третиот сет потсети на своите најдобри изданија.
Победата против Дел Потро беше 300-та на турнирите од Мастерс сријата за српскиот играч. Исто така тој ја забележа 19-та последовна победа во Индијан Велс и на вечната листа го мина Роџер Федерер.
Ѓоковиќ во наредната рунда за противник ќе го има Австралиецот Ник Киријос кој во два сета (6:3, 6:4) го совлада Германецот Александар Зверев.
Дерби во наредната фаза ќе биде дуелот помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал. Швајцарецот се намачи во дуелот со Американецот Стив Џонсон и до победата стигна во два тај брејка, додека Надал со сигурна игра (6:3, 7:5) го победи сонародникот Фернандо Вердаско.