Дома Фудбал „Ѓулер повеќе ја сака клупата во Реал Мадрид, отколку статусот ѕвезда“

„Ѓулер повеќе ја сака клупата во Реал Мадрид, отколку статусот ѕвезда“

–>

Арда Гулер не добива шанса за игра во Реал Мадрид. Минутите му се скромни, па Турчинот наводно размислува за други опции за следната сезона. Многумина сметаат дека Арда направи грешка со изборот на Кралевите, но не сакаше да си оди иако претходните месеци имаше понуда од Астон Вила. Тоа го откри спортскиот директор на клубот Мончи.

Рамон Родригез Вердехо – познат како Мончи, открива како Астон Вила се обидела да ја доведе ѕвездата на Реал Мадрид Арда Гулер.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од Бирмингем се обидоа да го убедат да дојде на Вила Парк. Сепак, Турчинот не сакаше да дојде, па Мончи се одлучи да го доведе Шпанецот Марко Асенсио.

„Многу добро го познавам Арда Гулер. Тој е играч што секој спортски директор го следел во Турција. На крајот, го доведе Реал Мадрид. Видоа потенцијал во него. Тој е играч кој го обожавам”, вели Мончи и продолжува со приказната.

„Совршено се вклопува во сè што бара Астон Вила. Ни требаше некој со сличен профил. Ни треба играч што игра меѓу линиите или како чиста десетка. Може да игра и на крило. На крајот, потпишавме со Марко Асенсио.”

Мончи ја коментира и ситуацијата дека Арда во Мадрид нема минутажа каква што сака. Целосно ги разбира одлуките на Карло Анчелоти.

„Конкуренцијата во Реал Мадрид е неверојатна. Кого би исфрлил од тимот? Анчелоти не може да игра со 12 играчи. Ако Арда не игра, тоа значи дека има повеќе доверба во некој друг играч“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш беше ѕвезда на Реал, а сега на 29 години ќе го има последниот обид да ја спаси кариерата

Деле Али (29) се подготвува за скоро враќање во професионалниот фудбал. Поранешната ѕвезда…