Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во Бризбејн ќе игра во парови со човек кој му беше голем непријател

Ѓоковиќ во Бризбејн ќе игра во парови со човек кој му беше голем непријател

Првата недела од 2025 година ќе ја одбележат најдобрите светски тенисери кои ќе се вратат на терените. Освен Јунајтед Куп, на 30 декември ќе започнат АТП турнирите во Хонг Конг и Бризбејн, каде што ќе настапи и Новак Ѓоковиќ.

Тој таму ќе започне подготовки за Австралијан опен, а во Бризбејн се враќа за првпат по 2009 година, кога настапи единствен пат.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


На турнирот во Бризбејн ќе се врати и австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој во последните две години одигра само еден меч на турнејата поради повреди на коленото, стапалото и зглобот.

„Бризбејн отсекогаш бил одличен настан и таму имав некои неверојатни спомени, особено кога го освоив во 2018 година,” изјави Кирјос.

Ѓоковиќ и Кирјос нема да учествуваат само во сингл конкуренција, туку ќе ги здружат силите и ќе играат заедно во конкуренција на парови, потврди Австралиецот на својот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ за хаосот во Париз: Беше многу опасно, сешто се случуваше!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е во врвот на светскиот тенис, о…