Минатата сезона, посебно до почетокот на Светското првенство, Роберт Левандовски беше главен играч на Барселона и веројатно најзаслужен за шампионската титула. Сепак сезонава полскиот голгетер е далеку од таа форма.
Средина сме од декември, заврши групната фаза во Лигата на шампионите, а тој има само девет гола на своето конто и само три од крајот на септември. Во Лигата на шампионите само еднаш се запиша во листата на стрелци. За споредба минатиот период истата година имаше двојно повеќе голови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така тој е рекордер по бројот на промашени шанси во шпанското првенство (16) и ако реализираше барем половина, Барса ќе беше лидер. Последен пат еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите Левандовски постигна во сезоната 2011/2012 кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.
Се истакнува податокот и дека Португалецот Пепе како дефанзивец на Порто има два гола во Лигата на шампионите, еден повеќе од Левандовски.