Голманот на Монако, Даниел Субашиќ веројатно ќе биде во центарот на вниманието во текот на финалниот натпревар на Мундијалот против Франција.
Причината е многу интересна. Како што напишавме погоре, Субашиќ брани за Монако, а голманите на овој француски клуб се вистинска лоша среќа во финалињата на Мундијалите. Имено, во списокот на репрезентациите кои ги загубија последните три финалиња на светските првенства секогаш имаше голман кој во еден дел од кариерата бранел за Монако.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така Франција 2006. година, кога загуби во финалето од Италија, на голот го имаше Фабиан Бартез кој своевремено бранеше за Монако, Холанија во 2010. на клупата го имаше Мартен Стекленбург, а Аргентина пред четири години Серхио Ромеро. Од споменатите тројца ниту еден во тој момент не беше голман на Монако, па тоа може да биде олеснителен фактор за Субашиќ, бидејќи во моментов тој е голман на овој клуб.
Како и да е, станува збор за статистички податок кој не мора апсолутно ништо да значи и кој веројатно нема да завземе многу простор во главата на хрватскиот голман.
The last three goalkeepers to lose a World Cup final have all played for Monaco.
Croatia’s Danijel Subasic plays for Monaco. pic.twitter.com/GIERG9UqPw
— ESPN FC (@ESPNFC) July 13, 2018