Дома Фудбал Што изјави Меси за Артур кога Бразилецот дојде во Барселона?

Што изјави Меси за Артур кога Бразилецот дојде во Барселона?

Барселона и Јувентус после два месеци преговарање се договорија за реализација на размената Артур – Пјаниќ.

Најблиските медиуми и до Барселона и до Јувентус од вчера тврдат дека е се завршено и нема дилеми. Пјаниќ ќе оди во Барселона, а Јувентус ќе доплати и 10 милиони евра за да го добие Бразилецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој договор ги подели навивачите на Барселона. Дел од нив сметаат дека Каталонците прават нелогичен потег. Оние што се против овој договор сметаат дека Барселона погрешила со тоа што го пуштила Артур на кого скоро цела кариера е пред него за играч кој е во поодминати години.

Инаку, кога Артур дојде во Барселона сите од него имаа големи очекувања, па дури и Меси. На социјалните мрежи се појави една изјава од пред две години во која Меси тврди дека за него Артур е најдоброто засилување во тој преоден рок.

„Играчите кои дојдоа се навистина добри, но ако морам да изберам еден тогаш тоа ќе биде Артур“, изјави тогаш Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…