Челзи одработи преоден рок во кој потроши над 300 милиони евра и сега клубот ќе мора да има и резултати во спротивно можат да се соочат со проблеми.
Имаше обиди во Челзи да се ослободат и од некои играчи како Галагер и Зијеш, но нивните трансфери не се реализираа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и да е довоедоа играчи како Мудрик и Енцо Фернандез кои ги платија 100 и 121 милион евра. Со нив потпишаа договори до 2031 година и доколку не се пласираат во ЛШ би добиле сериозен удар.
Ако Челзи не се пласира во најелитното европско натпреварување влегува во сериозна опасност од кршење на финансискиот фер-плеј, а ситуацијата дополнително се комплицира затоа што Челзи веќе е известен дека 19 клубови побарале да се прегледа нивното финансиско работење.
Во овој момент Челзи и не е така блиску до ЛШ, на четвртата позиција Манчестер Јунајтед им е одалечен десет бода и мораат да победуваат во вториот дел доколку сакаат да влезат во некаква битка за овие позиции во завршницата.
Новата управа на Челзи направи се што е во нивна моќ, обезбеди сериозни засилувања, а сега на Потер и фудбалерите е да донесат резултати за клубот да нема проблеми.
ЧЕЛЗИ ВО ПРЕОДНИОТ РОК