Жозе Мурињо поминува низ тежок период во Манчестер Јунајтед. Моментално се наоѓа на 10-та позиција во Премиер лигата, а поразот од Јувентус во ЛШ додатно ги подгреа шпекулациите дека „Специјалниот“ наскоро може да стане бивши.
Иако се уште нема информации кои би можел да го наследи Мурињо на „Олд Трафорд“, јасно е дека Португалецот нема долго да чека на нов ангажман, а медиумите во Шпанија пренесуваат дека повторно би можел да седне на клупата на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид моментално поминува низ резултатска криза, па „Ел Пас“ пласираше сензационални вести и тврди дека Перез сака да го врати Мурињо на „Сантиаго Бернабеу“.
Перез наводно веќе го контактирал „Специјалниот“, па доколку добие отказ во Манчестер тоа само ќе ги забрза работите за неговото враќање во Мадрид.
Ова нема да биде прв пат Реал Мадрид да ангажира бивши тренери, во минатото тоа го направи со Капело и Камачо, а Мурињо еднаш веќе имаше прилика да се врати на „Сантиаго Бернабеу“, но тогаш го избра Манчестер Јунајтед.