Лука Модриќ влегува во последните шест месеци од договорот со мадритски Реал Мадрид и извесно е дека нема да го продолжи договорот.
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата. Шпанските медиуми веќе тврдат дека 38-годишниот Хрват постигнал договор за новиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Модриќ пред неколку недели им соопшти на луѓето во Реал Мадрид дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот пресуди улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со својот поранешен соиграч и го убедил да му се придружи во Ал Наср.
Условите од договорот не се познато, но се претпоставува дека репрезентативецот на Хрватска ќе заработува околу 30 милиони евра. Постоеше опција да го напушти Реал во зимскиот преоден рок, но Модриќ и Реал се откажаа од таа опција“, пишуваат медиумите.
Модриќ во Реал Мадрид е од 2012 година и со Реал Мадрид освои се што можеше да се освоил. Одигра 508 натпревари и постигна 38 голови, додавајќи 80 асистенции.