Пред Герет Бејл е голема одлука.
Велшанецот никако не успева да се истакне како клучен фудбалер во Реал Мадрид уште од моментот кога пристигна на „Бернабеу“ за огромна сума на пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со заминувањето на Кристиано Роналдо се очекуваше поранешниот фудбалер на Тотенхем да стане најважен играч во таборот на „кралевите“, меѓутоа Бејл не е ниту блиску до такво нешто, а сега тој е блиску да – игра со младинците„
Имено, шпанските медиуми наведуваат дека на Бејл му бил оставен ултиматум – или ќе го напушти клубот ова лето или ќе биде префрлен во вториот тим на Реал Кастиља кој е составен претежно од играчи од младинската школа.
Во Мадрид се лути на неговиот менаџер кој во неколку наврати истакнуваше дека неговиот клиент сака да остане во Реал до крајот на својот договор кој има важност до 2022 година.
Зинедин Зидан исто така да замине, не го смести во тимот изминатиот викенд и се појасно станува дека во клубот сакаат тој да замине, но тој има огромна плата и договор кој ако сака може да го одработи до крај и да добива милиони со играње за младинците.
Платата која ја добива Велшанецот во овој момент изнесува 500.000 фунти неделно и со неговото заминување сигурно дека буџетот на Реал и тоа како би се ослободил.