Дома Фудбал Шпанскиот ВАР координатор го објасни поништениот гол на Барселона против Сосиедад

Шпанскиот ВАР координатор го објасни поништениот гол на Барселона против Сосиедад

Барселона загуби со 1:0 од Реал Сосиедад во 13.коло во Ла Лига. Ова му олесни на актуелниот шампион Реал Мадрид да го стигне лидерот и најголемиот ривал, бидејќи сега со победа во заостанатиот натпревар може да дојде на само три бода од лидерот Барса.

По натпреварот главна тема е поништениот гол на Барселона во 13. минута при резултат 0:0, откако реагираше ВАР. Стрелец беше Роберт Левандовски, но по проверката на ВАР, судијата Гиљермо Куадра го поништи голот на гостите. Видеото кое требаше да ја оправда судиската одлука беше објавено веднаш, но се чини дека испадна спротивното.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Имено, Левандовски беше во дуел со противничкиот стопер Агуерда, а по прегледувањето на ВАР снимките беше судено офсајд бидејќи дел од врвот на копачката му беше во недозволена положба. Таа одлука наиде на многу критики, особено од навивачите на Барселона. Зборуваше и шпанскиот координатор на ВАР Карлос Клос Гомез.

“Постоеше можен офсајд, но технологијата ја донесе конечната одлука, нема што друго да се каже. Многупати тоа е критикувано од незнаење. Тоа се прави со дополнителни 10 камери.

Системот Hawk-Eye снима 29 различни агли на фудбалерот и до 50 пати во секунда да ја пресмета нивната точна позиција на теренот. Работата беше завршена одлично, навикнати сме на критики“, објасни Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 21 година поразени од Косово

Maкедонските фудбалери до 21 година денеска претрпеа пораз со 1:3 на првиот натпревар прот…