Mинатото лето Лука Модриќ се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, но Хрватот на крајот одлучи да остане во Мадрид и да стави потпис на договор од една година.
Меѓутоа сезонава Модриќ има ограничена можност и често се пишува дека не е задоволен од ситуацијата. Сега шпанскиот новинар, Едуардо Инда тврди дека хрватскиот фудбалер му се налутил на тренерот Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Минатото лето Модриќ имаше понуда од Саудиска Арабија, остана во Реал Мадрид откако разговараше со тренерот. Поминаа неколку месеци, а сега Модриќ не е ниту 12-ти, ниту 13-ти играч…Прилично е вознемирен. На културен начин веќе му кажа дека е измамен, Модриќ не е некој кој би се расправал, но Анчелоти му вети дека ќе биде стартер и дека сериозно ќе смета на него.
Сепак, на теренот ситуацијата е целосно поинаква, тој е 15-ти или 16-ти играч…Нема да добие нов договор, мое мислење е дека ќе продолжи во Саудиска Арабија, станува збор за многу пари. Прво му понудија 40, а потоа и 60 милиони евра по сезона“, пишува Инда.