Франција без проблеми се справи против Холандија и запиша нова голема победа од 34:24, додека ослабената Германија изгуби од Шпанија со 23:29.
Франција уште од самиот старт отвори со 5:0 и покажа дека нема да дозволат изненадување. Но Холандија, не се откажа, па успеа да се врати на 12:12. Сепак, тогаш следуваше клучната серија од 7:0 и Франција поведе од 19:12. До крајот разликата на Франција стигна и до 10 гола разлика. Најефикасен во редовите на Франција беше Мине со сум гола, додека Смитс постигна четири кај Холандија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија која има големи проблеми со коронавирусот не издржа против Шпанија. Германците од почетокот на првенството имаат 12 позитивни играчи, дополнително повикуваа и нови. Денес со Шпанија беа рамноправни само едно полувреме.
Во второто полувреме блесна и Перез Де Варгас кој собра 15 одбрани, па Германија немаше шанси и запиша пораз од 23:29. Македа постигна шест гола кај Шпанија, Зикер беше стрелец на четири за Германија.