Дома Македонски спорт Мак фудбал Шпанија без Пике и Рамос ќе ја пречека Македонија

Шпанија без Пике и Рамос ќе ја пречека Македонија

Шпанскиот селектор Хулен Лопетеги ги објави фудбалерите на кои ќе смета за квалификацискиот дуел против Македонија, а на списокот ги нема дефанзивците Жерард Пике и Серхио Рамос.

Шпанскиот селектор нема да може да смета и на ѕвездите на Барселона, Жорди Алба и Андрес Иниеста, а по подолг период во репрезентацијата се враќаат Хуан Мата и Андер Ерера.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Голмани: Давид Де Геа (Манчестер јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Серхио Асењо (Виљареал)

Одбрана: Серхи Роберто (Барселона), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Марк Бартра (Борусија Дортмунд), Цезар Аспиликуета (Челзи), Ињиго Мартинез (Реал Сосиедад), Начо Фернандез (Реал Мадрид), Начо Монреал (Арсенал), Серхио Ескудеро (Севиља)

Среден ред: Давид Силва (Манчестер Сити), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Хуан Мата (Манчестер јунајтед), Коке (Атлетико Мадрид ), Иско (Реал Мадрид), Лукас Васкез (Реал Мадрид)

Напад: Витоло (Севиља), Хозе Каљехон (Наполи), Нолито (Манчестер Сити), Диего Коста (Челзи) Ариц Адуриз (Атлетик Билбао), Алваро Мората (Реал Мадрид)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…