Алберто Морено најверојатно ќе го напушти Ливерпул како слобиден агент накрајот на сезоната, пренсуваат англиските медиуми.
Левиот бек се поретко добива шанса за игра оваа сезона, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а од „Енфилд“ немаат намера да му понудат нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Морено го загуби стартното место во тимот од Робертсон и оваа сезона има одигано само еден меч – против Челзи во Лига купот.
И самиот фудбалер донел одлука да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната и веќе во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтресураните клубови.
Последните информации говорат дека силен интерес за Морено покажува раководството на Барселона.