Дома Актуелно Шок за Сити: Може да му бидат одземени бодови во Премиер лигата!

Шок за Сити: Може да му бидат одземени бодови во Премиер лигата!

Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на бројни финансиски правила.

Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Премиер лигата документацијата за сите наводни прекршоци кои датираат уште од сезоната 2009/2010 ги проследиле до независна комисија која ќе го истражи целиот случај. Истрагата во Премиер лигата траеше цели четири години.

Доколку се покаже дека обвиненијата се точни, Сити ќе се соочи со бројни финансиски казни. Исто така на актуелниот шампион би можеле да му бидат одземени бодови оваа сезона што би им направило проблем во трката за титулата.

Сити кој освои четири од пет последните титули во Премиер лигата во овој момент е на втората позиција со пет бодови помалку и натпревар повеќе од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…