Дома Фудбал Италија Шок за навивачите на Рома: Дибала има клазула поради која може уште на лето да си замине!

Шок за навивачите на Рома: Дибала има клазула поради која може уште на лето да си замине!

Паоло Дибала игра одлично во својата прва сезона во дресот на Рома, меѓутоа ако се земе предвид неговата клазула во договорот тогаш не е невозможно да ја напушти „волчицата“ во текот на летото.

Во редовите на Рома, Дибала пристигна како слободен играч и поради тоа можеше да преговара за подобар договор. Но, сега италијанските медиуми откриваат дека Рома прифатила во неговиот договор да има откупна клазула од само 12 милиони евра и таа може да биде активирана на лето.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секако дека ако се знаат сумите кои се вртат во денешниот фудбал ова е вистинска ситница. Најавите на италијанските медиуми се дека Рома ќе се обиде да издејствува нов договор со Аргентинецот и бришење или менување на ваквата клазула.

Дибала засега изгледа среќно во Рома и добро се вклопи во системот на Жозе Мурињо, но секако дека многу работи ќе зависат и од амбициите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…