Дома Фудбал Англија Шок за Евертон: Премиер лигата му одзема 10 бода!

Шок за Евертон: Премиер лигата му одзема 10 бода!

Најавите кои се појавија претходно денес добија и официјална потврда – Евертон остана без 10 бода!

Премиер лигата поради финансиската загуба од 124 милиони фунти во последните три години што е далеку од дозволеното го казни клубот од „Гудисон Парк“ со одземање на 10 бода.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Станува збор за најострата казна во историјата на Премиер лигата, а во клубот се шокирани тврдејќи дека во последната деценија во Премиер лигата имаше клубови кои трошат многу повеќе од нив.

Со одземените десет бода Евертон сега има само четири и се наоѓа на претпоследното место на табелата со ист број како и последниот Барнли. Претходно во целата историја на Премиер лигата со одземање на бодови биле казнети со Миделсброу во сезоната 1996/97 и Портсмунт во март 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…