Дома Топ вести Шест клубови го сакаат Хамес, но тој сака само во еден од нив

Шест клубови го сакаат Хамес, но тој сака само во еден од нив

Колумбискиот фудбалер за врска, Хамес Родригез ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

Хамес минатата сезона многу ретко играше во првата постава што, секако, не му се допаѓа на играч кој е платен повеќе од 70 милиони евра, па така тој ќе го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За неговата следна дестинација се пишува долго време, а шпанскиот „SPORT“ денеска пренесува вести дека неговиот агент, Хорхе Мендеш на својот фудбалер му понудил клубови од Италија, Франција и Англија, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус, Манчестер Сити и ПСЖ имаат прилика да го доведат Хамес, но ниту една екипа не сака да му плати на Реал 75 милиони евра.

Од другата страна, „Кралевите“ немаат намера да го пуштат својот фудбалер под цената која тие ја платија на Монако. А што се однесува до самиот играч, тој има само една желба по Реал, а тоа е Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ вчера го формализираа трансферот на Лукаку и тешко е да се верува дека уште еднаш во овој трансфер период ќе понудат толку пари.

Во секој случај, трансфер периодот само што започна и ни останува да видиме судбината на одличниот Колумбиец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…