Викендов на програмата во Италија е големото дерби помеѓу Милан и Рома, а легендата на „росонерите“ Андреј Шевченко верува во победа на „росонерите“.
Милан игра променливо од почетокот на сезоната, но Шевченко е оптимист пред големото дерби и верува дека „росонерите“ можат да ги освојат трите бода.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
„Победата над Ријека иако беше во последен момент ќе даде дополнителен морал по поразот во Џенова и пред дербито со Рома. Милан мора да победи, верувам дека се способни за тоа. Овој меч вреди повеќе од три бода и може да биде крстосница на сезоната. Оптимист сум и морам да бидам, моето чука за „росонерите“, изјави Шевченко.
Украинецот цели седум години го носеше дресот на Милан и е еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот.