Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко за малку можел да загине во бомбардирањето што руските воени сили го направија во Украина.
Денес Русија истрела нови 80 проектили и 12 беспилотни летала камикази во агресијата кон Украина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шевченко објаснува дека бил во воз кога почнало бомбардирањето и тоа што го преживеал било страшно.
„Бев на воз кога почна бомбардирањето и требаше да сопреме на средина на поле. Тие неколку часови се чинеа како вечност. Би сакал да кажам една работа: нема ракети, нема бомбардирање или било какви други напади кои ќе ја скршат Украина. Тие можат да ни ги земат куќите, нашите улици, но не и нашето достоинство, храброст и желба за слобода. Ќе ја браниме Украина. Ќе пееме под бомбардирањето, како што правеа луѓето од Киев денеска во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“, истакна Шевченко.