Репрезентативецот на Швајцарија со потекло од Косово, Џердан Шаќири вели дека нема дилеми дека ќе слави ако постигне гол против Косово во последното коло.
Швајцарија и Косово во директна пресметка ќе водат битка за место на ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На трибините ќе биде целото семејство на Шаќири и пријателите од Косово, но тој нема дилеми дека ќе го слави голот ако го постигне.
„Сакам победа на Швајцарија пред нашите навивачи на крајот на овој посебен натпреват за мене. Секако дека ќе славам ако постигнам гол, без разлика дека тоа е Косово. Нема да претерувам поради почитта кон Косово, но нормално дека ќе се радувам“, изјави Шаќири.