Дома Фудбал Англија Шаќири: Одам во Белград да играм фудбал, Звезда не е противник од кој треба да се плашиме

Шаќири: Одам во Белград да играм фудбал, Звезда не е противник од кој треба да се плашиме

Следното коло кое е пред нас во Лигата на шампионите ни го носи и натпреварот во Белград во кој ќе играат Црвена Звезда и Ливерпул.

При гостувањето на Ливерпул големо внимание привлекува швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шаќири сега во разговор за англиските медиуми се обиде да ја смири топката пред доаѓањето во Белград.

„Она што се случи на Светското првенство е минато и ова е само уште еден обичен натпревар за мене. Фудбалот е фудбал, а политиката е политка. Одиме таму да играме фудбал. Не одам за да правам било што друго“, изјави Шаќири.

Фудбалерот потоа доби и прашање за квалитетот на Звезда.

„Не мислам дека Црвена Звезда е најдобар противник, да бидам искрен затоа не сум загрижен за натпреварот во Белград“, заврши играчот од средниот ред на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Герм…