Дома Македонски спорт Мак ракомет Чупиќ: Цела недела се спремавме за овој натпревар, убава роденденска честитка

Чупиќ: Цела недела се спремавме за овој натпревар, убава роденденска честитка

Иван Чупиќ денес го прослави 35. роденден и доби одлична честитка од неговиот соиграчи – убедлива победа против Еурофарм Пелистер.

Чупиќ секако беше празадоволен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Убава честитка за мојот роденден, им благодарам на сите кои помогнаа да ја оствариме желбата која ја посакав пред натпреварот.

Одигравме навистина добар натпревар, водевме цело време, два-три пати беше и 10 разлика. Одбраната беше добра исто и нападот. Цела недела се спремавме за овој натпревар и на крајот се исплатеше. Сепак, ништо не е готово има уште да се игра“, изјави Чупи.
Вардар со овој триумф останува на врвот во македонското првенство и направи голем чекор кон 14. титула во домашното првенство.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…