Дома Останати Ракомет Чупиќ позираше во дресот на ППД Загреб

Чупиќ позираше во дресот на ППД Загреб

Tимот на ППД Загреб има сезона за заборав барем кога во прашање е Лигата на шампионите каде што запиша 14 порази во исто толку натпревари.

Од наредната сезона, поточно од лето се очекува атмосферата да биде подобра. Клубот веќе потврди ангажман на искусни играчи како иван Чупиќ и Жељко Муса.

Чупиќ и Муса ја искористија ЕХФ неделата и позираа во дресот на Загреб.

„Едвај чекаме да заиграме во синиот дрес“, стои во објавата на клубот на Фејсбук страницата.

Трансферот на Чупиќ е потврден од претходно и ќе ја доигра полусезоната во Вардар после што се сели во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Червар најави нов Пелистер: Ќе биде поинаку од претходно, пред нас е многу работа

Со нов тренер и високи амбиции, Пелистер го очекува почетокот на новата ракометна сезона, …