Дома Останати Тенис Чудна критика за Ѓоковиќ: Новинар го обвини дека го имитира англискиот репрезентативец

Чудна критика за Ѓоковиќ: Новинар го обвини дека го имитира англискиот репрезентативец

Новак Ѓоковиќ запиша две победи на Вимблдон и денес го чека меч од третото коло и тоа против Станислав Вавринка што секако е меч кој љубителите на тенисот ќе сакаат да го гледаат.

Но, додека Ѓоковиќ победува, сега доби и по малку необични критики. Англискиот новинар, Џими Вајт објасни дека Ѓоковиќ го копирал славјето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Беше неверојатно. Можеби ја нема грациозиозноста на Федерер или шармот на Надал, но ќе му недостасува на централниот терен. Томпсон се обиде со својот сервис и така го напаѓаше Ѓоковиќ. Да имаше малку среќа ќе го добиеше вториот сет. Проблем беше против кого играше: Ѓоковиќ е едноставно предобар. Изгледаше дека Ѓоковиќ станува подобар со секој испуштен глас од трибините за неговиот противник. Откако го освои тај-брејкот во во вториот сет покажа на слепочницата, имитирајќи ја прославата на Маркус Рашфорд“, искоментира Вајт.

Но, очигледно Вајт не е баш толку добро информиран затоа што Ѓоковиќ тој потег го правеше и во минатото кога Рашфорд се уште не беше прославен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…