Во терминот од 18:30 часот својот натпревар од 26 коло во Премиер лигата го одиграа Арсенал и Евертон.
Доколку „денот по утрото се познава“, засилувањата на Арсен Венгер се полн погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал започна одлично, Михтаријан уште во 6 минута од натпреварот му асистираше на Арон Рамзи кој го отвори резултатот. Само осум минути подоцна, Кошчелни зголему на 2:0, а веќе во 19 минута Рамзи со својот втор погодок носи предност од веќе убедливи 3:0.
Тоа не беше се во првиот дел. Во 37 минута проработи новиот тандем во редовите на „топчиите“, Михтаријан ја запиша втората асистенција, додека својот првенец го постигна Обамејанг. Сепак, мора да се истакне дека при постигнувањето на погодокот Обамејанг се наоѓаше во недозволена позиција, но линискиот судија не се огласи.
Во вторите 45 минути многу помалку возбудвања. Калверт Луин само три минути откако влезе во игра на местото на Тео Волкот го постигна почесниот погодок за „карамелите“. Додека конечните 5:1 ги постави Рамзи со голот во 74 минута.
Иначе за Рамзи ова е прв хет-трик откако го носи дресот на Арсенал.